Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО БРКАЛЕ 41 ПОЛИЦАЕЦ: Возел со 300 на саат и пак не го фатиле

ГО БРКАЛЕ 41 ПОЛИЦАЕЦ: Возел со 300 на саат и пак не го фатиле

Германската полиција во раните утрински часови вчераутро беше вклучена во потера по возач на автомобил кој возел со 300 километри на час во близина на југозападниот град Штутгарт. Трката била филмска филмска, а се започнало кога возачот одрул во возила кои биле заглавени во сообраќаен метеж, а потоа се свртел и забрзал назад кон Штутгарт возејќи во погрешна насока.

Очевидци повикале итна помош, а во потерата се вклучила и полиција која во неколку наврати го изгубила возилото од вид. Конечно полицискиот хеликоптер го пронашол возилото кое возачот го оставил на автопатот, го паркирал и побегнал.

Возилото е одземено, а истрагата ќе покаже кој го управувал. Во ноќната потера учествувале 41 полициско возило од шест полициски станици и еден хеликоптер.


Слично

Поврзани вести