ГО БАРАЛЕ СО ДЕЦЕНИИ: Полицаец во проштално писмо признал дека е сериски убиец
Француски полицаец на возраст од 52 години во проштално писмо признал дека е сериски убиец по кој полицијата трага со децении.
Поранешниот жандарм, кој подоцна станал полицаец, во прошталната порака призна дека е познатиот сериски убиец Ле Греле. Маж, идентификуван од француските медиуми како Фрасоа Веров, во средата е пронајден мртов во изнајмен стан во јужниот град Ле Грау-ду-Роа, на францускиот медитерански брег, пренесува „Ал Џезира“.
Пораката пронајдена до телото пензионираниот полицаец го идентификува како серискиот убиец познат по прекарот Ле Греле, што во превод значи човек со лузни, објавија француските медиуми.
Полицијата го повикала на 24 септември да даде примерок од ДНК, а неговата сопруга го пријавила за исчезнат на 27 септември.
Веров е поврзан со четири убиства и шест силувања, но Дидие Сабан, адвокатот кој ги застапува семејствата, вели дека несомнено имало повеќе.
