Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гнев во Кремљ поради налогот за апсење на Путин: „Ова е неприфатливо“

Гнев во Кремљ поради налогот за апсење на Путин: „Ова е неприфатливо“

Русија не ја признава јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд (МКС), откако тој издаде налог за апсење на претседателот на земјата, Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги смета одлуките на судот „ништовни и неважечки“ и дека прашањата што ги поставува судот се „срамота и неприфатливи“.

На прашањето дали Путин сега се плаши од патување во земји кои ја признаваат јурисдикцијата на МКС, Песков рече дека „нема што да додаде на таа тема“.

Претходно денеска Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Путин, обвинувајќи го дека е одговорен за воените злосторства извршени во Украина.

Во соопштението, МКС наведува дека Путин е „наводно одговорен за военото злосторство за нелегална депортација на населението (децата) и незаконското преселување на населението од окупираните територии на Украина во Руската Федерација“.

МКС, исто така, издаде налог за апсење на Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесар за правата на децата во Канцеларијата на претседателот на Русија, под слични обвиненија.

Таа оцени дека налогот за нејзино апсење е „дел од контекстот на ситуацијата во Украина“, и нагласи дека е подготвена да продолжи со својата работа.

Слично

Поврзани вести