Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГНЕВ ВО ИНДИЈА: Опозицијата бара од власта да ја спречи „апокалиптичната човечка трагедија“

ГНЕВ ВО ИНДИЈА: Опозицијата бара од власта да ја спречи  „апокалиптичната човечка трагедија“

Во Индија опозицијата ја обвинува власта за справувањето со пандемијата. Дванаесетте главни индиски опозициски партии го повикаа премиерот Нарендра Моди да преземе итни мерки против вториот бран на коронавирусот. 

Нарекувајќи ја „апокалиптична човечка трагедија“, опозициските лидери во писмо до Моди наведоа девет барања, вклучувајќи бесплатна кампања за вакцинирање, бесплатно жито за сиромашните и укинување на контроверзните земјоделски закони.

Тие побараа од Моди да стопира проектот на трансформација на Делхи вреден милијарди долари, а средствата да се пренасочат за купување кислород и лекови за болните.

Рахул Ганди, лидерот на главниот опозициски индиски национален конгрес, го нападна Моди. Рече дека „исчезнал“ иако во земјата има недостиг од вакцини, медицински кислород и лекови во земјата.

Индија вчера имаше 362.727 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број се зголеми на 23,7 милиони. 

Изминатиот период, тела на починати пливаа во реката Ганг. Роднините немале пари да ги кремираат и ги фрлиле во реката. 

foto EPA-EFE

Слично

Поврзани вести