Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГНЕВ: Роднините на патниците во малезискиот авион бараат одговори

ГНЕВ: Роднините на патниците во малезискиот авион бараат одговори
Роднините на патниците од исчезнатиот малезиски Боинг 777-200 денеска се судрија со полицијата во обид да влезат во зградата на малезиската амбасада во Пекинг и да побараат дополнитечни информации од малезиските власти за судбината на нивните блиски. Стотици луѓе се собрале пред малезиската амбасада денеска на протест заради „лажните и контроверзни информации“ со кои власти во Куала Лумпур излегуваа во изминатите две недели. Кина и официјално од Малезија ги побара сателитските снимки и податоци со кои беше утврдена судбината на исчезнатиот авион. http://www.youtube.com/watch?v=q7CjEkSz5Hg Од вкупно 239 патници во исчезнатиот авион на летот МХ370, дури 153 беа кинески државјани. Откако вчера информираа дека надвор од секакво сомнение авионот паднал во Индискиот Океан и оти нема преживеани патници, малезиските власти денеска објавија дека ја прекинуваат потрагата во северниот коридор и целосно се свртува кон јужните делови на Океанот. САД на Австралија и отстапија направа за откривање на „црните кутии“, со која сигналот на кутијата може да се регистрира и на длабочина од 6.000 метри под вода. Сепак, истражувачите се во трка со времето - црната кутија мора да се пронајде веднаш, бидејќи нејзините батерии можат да работат уште најмногу две недели. Во зафрлените јужни делови на Индискиот Океан, тоа е задача еднаква на потрагата по игла во пласт сено. Според новите правила на авионските компнии, „црните кутии“ треба да бидат во способност да емитуваат сигнал најмалку 30 дена по несреќата, но од исчезнувањето на авионот МХ370 веќе поминаа 17 дена.
Слично

Поврзани вести