Економија, финансии, бизнис

Контакт

Глобалната рецесија е при крај?

Глобалната рецесија е при крај?

Американската економија бележи стабилен раст, а во чекор ја следат Кина и стопанствата на еврозоната. Но и понатаму најтешко е на пазарот на трудот, бидејќи иако стапката на невработеност благо се намалува благодарение на сезонските работи, сеуште е на рекордни 12,1 отсто. Причини за внимателност има, бидејќи се очекува забавување на растот во Индија и Бразил.

Светското стопанство постепено зајакнува, но растот се уште е забавен. Сепак има причина за умерен оптимизам. Според најновиот извештај на Организацијата за економска соработка и развој, американската економија има стабилен раст, а во чекор ја следат и стопанствата на еврозоната.

Добри се и прогнозите за второто стопанство на светот Кина, во која се бележи раст на домашната потрошувачка. Ако се суди според најновиот извештај на експертите од ОЕЦД, глобалната рецесија е при крај.

За зајакнувањето најмногу придонесува добрата слика на двете најсилни светски стопанства, американското и кинеското.

Производствениот и градежниот сектор во САД бележат најдобри резултати во последните две години, па за 2013 година се предвидува раст од 1,7 отсто. За позитивните прогнози придонесува и постепеното зајакнување на еврозоната, пред се благодарение на стабилниот раст на германското стопанство од 0,7 отсто.

Јорген Елмесков од ОЕЦД вели дека се забележува раст на глобално ниво.

- На глобално ниво растот не е толку брз, но нешто посилен во стопанствата во развој. Тоа влева оптимизам, но се уште е далеку од славење. Во Групата седум најразвиени земји на светот се очекува раст на БДП од 2 до 2,5 отсто. Тоа е на ниво на претходното тромесечје – рече Елмесков.

Причини за внимателност сепак има, бидејќи се очекува успорување на растот во Индија и Бразил.

Најтешко е на пазарот на трудот, посебно во земјите на еврозоната. Стапката на невработеност благо се намалува, благодарение на сезонските работни места, но и понатаму е на рекордните 12,1 отсто.

извор: Миа

Слично

Поврзани вести