Глобалната продажба на злато лани паднала за 4%, продадени 4.405 тони златo
Глобалната побарувачка на злато лани забележа пад, првпат по 2009 година. Според Светскиот совет за злато (ВГЦ) во 2012 година продажбата на злато опаднала за 4% во однос на 2011 година, на 4.405 тони. Намалувањето на продажбата, според ВГЦ е како последица на намалената продажба на накит во Азија и помалите инвестици во златници и златни шипки во Европа и САД
Советот очекува потрошувачката на злато да биде стабилна во текот на оваа година, нагласувајќи дека ќе помине извесно време додека да се надминат последиците од финансиската криза.
„Тешко е да се очекува оваа година да има голем раст на побарувачката. Побарувачката ќе остане висока, но зборуваме за мали едноцифрени бројки“, изјави директорот за инвестиции на ВГЦ, Маркус Граб.
Граб очекува во 2013 година цената на златото да се движи меѓу 1.625 и 1.695 долари за унца, иако нагласува дека е можно одредени настани да влијаат на нејзин раст.
Од почетокот на годината цената на златото се намали за 1,4%, со што продолжи тенденцијата од последниете три месеци од 2012, кога беше регистриран најголем квартален пад на вредноста на овој благороден метал од 2008 година.
Слично
