Ернст и Јанг: Технологијата-главен двигател на глобализацијата, Хонг Конг на врвот на листата
Најотворена држава во однос на процесот на глобализација е Хонг Конг. Следат Сингапур, Ирска и Белгија додека најголемата светска економска сила - САД е на 25 место, Кина на 44 место и Јапонија на 43 место, посочија од консултантската куќа кои новата листа ја претставија на отворањето на економскиот форум во Давос.
Швајцарија е петта, Холандија шеста, Шведска седма, Данска осма, по што следуваат Унгарија и Велика Британија. Германија е на 11 место, а Франција на 14. Како последни на листат се најдоа Иран на 60 место, Алжир 59 и Венецуела на 58 место.
Врз основа на пет критериуми - застапеност на трговска размена во економска активност, проток на капитал, состојба во преработувачката индустрија, технолошка размена и културолошка интеграција, Ернст и Јанг и оваа година направи листа од 60 најотворени држави кон процесот на глобализација.
„Технологијата сега е главен двигател на глобализацијата, многу повеќе отколку што се странските инвестиции. Технологијата на информациите и социјалните мрежи се повеќе овозможуваат фирмите да воспостават нови односи со потрошувачите“, велат од Ернст и Јанг.
Во продолжение еве ја ги и првите 30 држави подредени според индексот на глобализација во 2012 година на консултантската куќа Ернст и Јанг.
