„Гленкор“ со пад на профитот за 75% во 2012 година
Швајцарскиот гигант во производство на суровини Гленкор минатата година забележа пад на нето профитот за дури 75%, на износ од 1 милијарда долари.
Групата исто така објави дека спојувањето со рударската англо-швајцарска компанија Екстрата се одложува за 16 април, пренесува швајцарскиот весник 24 часа.
Гленкор е швајцарска компанија која контролира голем дел од светските суровини и храна. Со помош на таа контрола, оваа компанија има големо влијание на цените на храната и суровините во светот. Според Ројтерс, Гленкор е најголема светска компанија за која обичните луѓе никогаш не ни слушнале.
Слично
