Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ГЛЕДАВ МНОГУ ГОВОРИ НА ПУТИН ЗА 15 ГОДИНИ, НО ОВОЈ Е НАЈАНТИАМЕРИКАНСКИОТ: Познатиот новинар на Financial Times вели дека е сериозно загрижен

„ГЛЕДАВ МНОГУ ГОВОРИ НА ПУТИН ЗА 15 ГОДИНИ, НО ОВОЈ Е НАЈАНТИАМЕРИКАНСКИОТ: Познатиот новинар на Financial Times вели дека е сериозно загрижен

Познатиот новинар на Фајненшл Тајмс, Макс Седон, на социјалните мрежи го коментираше говорот на Владимир Путин.

Откако рускиот претседател Владимир Путин во петокот најави спојување на украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, имаше бројни реакции од целиот свет на тој чин, како и на говорот што го одржа по тој повод. Реакциите доаѓаат во форма на изјави, соопштенија и објави на социјалните мрежи. Особено драматична е објавата на Макс Седон, познат новинар на угледниот Financial Times, на Твитер.

„Гледав многу говори на Путин во последните 10-15 години, а овој е убедливо најантиамериканскиот. Да бев западен креатор на политики кој се прашуваше дали тој навистина ќе употреби нуклеарно оружје - а тој сè уште не стигнал до тоа, ќе бев многу загрижен“, напиша Седон.

Ова е дел од говорот на путин кој на својот профил на Твитер го сподели и Седон:

„Не можете да ги нахраните луѓето со хартиени долари и евра. Не можете да ги загреете домовите на луѓето со лагите што ги ширите на социјалните мрежи“, вели Путин. „Не можете да ги загреете луѓето со надуени вреднувања - ви требаат извори на енергија“


Слично

Поврзани вести