Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гледајте ја во живо парадата во Москва

Гледајте ја во живо парадата во Москва

Свечено воената парада, посветена на 70-годишнината од победата на советската армија над нацистичка Германија во Големата светска војна започна во Москва.

На трибините присуствуваат претставници на повеќе од 30 држави и шефови на меѓународни организации и 85 ветерани, пристигнаа од различни краеви на земјата.

Прославата ќе продолжи во текот на целиот ден со различни настани.

Најновата техника на руската армија ќе парадираа на Црвениот плоштад во парадата по повод 70 години од победата над фашизмот во Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин ги пречека во Кремљ раководителите на делегациите и почесните гости, кои пристигнаа во Москва по повод Денот на победата, пренесува РИА Новости.

Во свечениот настан во чест на 70-годишнината од победата на советската армија над нацистичка Германија ќе учествуваат лидерите на повеќе од 30 земји и голем број шефови на меѓународни организации.

Парадата на Црвениот плоштад ќе биде следена и од министрите за надворешни работи на Италија и Франција. Велика Британија ќе биде претставена од внукот на Винстон Черчил, премиерот на Велика Британија во периодот на Втората светска војна.

Во воената парада ќе учествуваат и 85 ветерани, кои пристигнале во руската престолнина од различни области на земјата, објавија Vesti.ru. Меѓу нив има такви, чија старост надминува 90 и повеќе години.

На овој линк може да ја следите во живо.

Слично

Поврзани вести