Главниот финансиски директор на Google поднесе оставка
Главниот финансиски директор на „Google“ Патрик Пичет поднел во оставка, објави „Фајненшл тајмс“.
Како причина за повлекувањето тој ја навел желба да биде повеќе време со своето семејство.
Сеуште не е познато кога практично Патрик Пичет ќе прекине да ги извршува своите обврски.
Аналитичарите коментираат дека на „Google“ ќе им биде потребно околу половина година, за да може да најде замена на Пичет.
При веста за неговото повлекување акциите на Google паднаа за 1%.
Слично
