ГЛАВНАТА КАСАРНА НА БУНДЕСВЕРОТ ПОД „ЛУПА“ ПОРАДИ СОМНИТЕЛНА САБОТАЖА: Полицијата и контраразузнавањето проверуваат упад
Касарната на
Бундесверот во Келн-Ван утрово беше целосно опколена од припадници на
германската полиција, воената полиција и армиската контраразузнавачка служба.
Ова го објави магазинот Шпигел, кој наведува дека е покрената истрага поради сомневање дека е извршена саботажа врз Бундесверот. Се наведува дека е можно да имало неовластен упад во касарната.
Според Шпигел, водата за пиење на оваа локација на германската армија би можела да биде контаминирана. Преку внатрешна комуникација во касарната, на војниците и на цивилите итно им беше кажано да не ја пијат таа вода во никој случај.
Се наведува дека и на војниците кои се надвор им е забранет влез во касарната. Германскиот магазин објаснува дека во касарната во Келн-Ван се сместени неколку командни центри на Бундесверот, како и воени и цивилни оддели. Тука е и седиштето на воздухопловните сили на Министерството за одбрана на Германија, а касарната се наоѓа веднаш до аеродромот во Келн.
Во него се вработени 4.300 војници и 1.200 државни службеници.
Касарната има сопствен водовод, а според Шпигел, воената полиција на Бундесверот го истражува. Се наведува дека во внатрешната комуникација на Територијалната команда на Бундесверот, на персоналот кој бил внатре во зградата во моментот на акцијата на властите им било кажано да разговараат со „непознати лица што ги гледаат“ и да пријават „секакво сомнително однесување“.
Шпигел вели дека ова укажува дека властите трагаат по можни саботери во областа. Во пораката што ја добиле војниците и цивилите во касарната се наведува дека таа ќе остане блокирана до понатамошно известување и дека во неа „ништо не може да влезе ниту да излезе“.
фото: EPA-EFE/FILIP SINGER