ГЛАВНА ВО КУЌАТА: Еве што му забрани Маркл на принцот Хари за да имаат здраво потомство
Меган Маркл со низа побарувања до принцот Хари. Идната сопруга на принцот побарала од него пред нивната свадба да престане да пуши. Но, не го направила само тоа, некогашната актерка својот иден сопруг го наговорила да го намали пиењето алкохол за да добијат дете што поскоро.
Њујорк Дејли Њус пишува дека кралската двојка веднаш по свадбата во мај сака да почне да работи на потомството.
Наводно принцот ослабнал околу 5 килограми бидејќи вежба и се обидува да ја доведе во топ форма.
Освен тоа, Меган својот Хари го наговара и да јаде здраво. Познато е дека тој обожава гумени бомбони и пржено пилешко, а Меган сега се обидува во неговиот живот да внесе некои здрави навики.
Слично
