Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гласањето во Унгарија заврши со рекордна излезеност

Гласањето во Унгарија заврши со рекордна излезеност

Гласачките места во Унгарија се затворија во 19:00 часот на историски избори обележани со рекордна излезност што би можела да го заврши 16-годишното владеење на премиерот Виктор Орбан.

До 18:30 часот, гласале 77,8 проценти од гласачите, објави изборната комисија, додека на последните парламентарни избори во 2022 година, до тој момент излегле 67,8 проценти од гласачите.

Излезноста во главниот град Будимпешта до 18:30 часот била 80,96 проценти, објави унгарската новинска агенција МТИ.

Околу 8 милиони граѓани имаа право да гласаат на изборите за парламентот со 199 места.

Изборите се сметаат за најважна одлука од страна на гласачите од демократската транзиција од 1989-90 година.

Агенцијата ДПА пишува дека нема да има излезни анкети или проекции по затворањето на гласачките места, но се очекуваат делумни резултати подоцна во недела навечер.


Слично

Поврзани вести