Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гласањето за Брегзит при крај, останува ли Британија во ЕУ?

Гласањето за Брегзит при крај, останува ли Британија во ЕУ?

Гласањето на референдумот за излез или останување во ЕУ во Британија влегува во завршните часови.

Ќе се гласа до 22  часот.  Повеќето актуелни анкети, објавени пред и за време на изборниот ден покажале предност на Британците кои сакаат останување на нивната земја во ЕУ. Финансиските пазари реагираа позитивно на овие информации, а главниот индекс на лондонската берза "FTSE 100" забележа раст. Цената на британските фунти достигна рекордно висока вредност во однос на доларот за 2016 година.

Анкета на агенцијата „ComRes" нарачана од „Дејли Меил" и телевизијата „Ај Ти Ви" покажа дека 48% од Британците ќе гласаат за останување во ЕУ, додека 42% сакаат излез од унијата. Слични се прогнозите и на „YouGov".

Тоа покажа дека приврзаниците на ЕУ на островот се 55%, додека евроскептиците се 45%.

Лидерот на британската Лабуристичка партија, Џереми Корбин изрази оптимизам за останувањето на Велика Британија во Европската унија.

Слично

Поврзани вести