Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЛАСАЈТЕ ПРОТИВ КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ВО ВТОРИОТ КРУГ, ЗАОКРУЖЕТЕ ГО МАКРОН - еве на што повикува мнозинството од претседателските кандидати

ГЛАСАЈТЕ ПРОТИВ КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ВО ВТОРИОТ КРУГ, ЗАОКРУЖЕТЕ ГО МАКРОН - еве на што повикува мнозинството од претседателските кандидати

Конзервативната кандидатка Валери Пекресе ги повика гласачите да го заокружат Емануел Макрон во вториот круг. Таа рече дека екстремната десница никогаш не била поблиску до власта, но дека францускиот народ треба да каже не на екстремизмот.

"Историската близина на Ле Пен со Владимир Путин ја дискредитира да ги брани интересите на нашата земја во овие трагични времиња. Нејзиниот избор би значел дека Франција ќе стане ирелевантна на европската и меѓународната сцена. Затоа, и покрај моето силно несогласување со Макрон... Ќе гласам тој да ја запре Марин Ле Пен“, рече Пекрес.

„Гласајте против крајната десница“

Францускиот кандидат на крајната левица Жан-Лук Меланшон ги повика своите гласачи да не гласаат за Марин Ле Пен во вториот круг.

„Знаеме за кого никогаш нема да гласаме... не смеете да ја поддржувате Ле Пен... не смее да има глас за Ле Пен во вториот круг“, рече Меланшон во говорот пред своите поддржувачи.

Исто така, кандидатката на Социјалистичката партија Ен Идалго им порача на своите гласачи да гласаат за Макрон во вториот круг.

„Со цел Франција да не ги натера сите да мразат секого, ве повикувам на 24 април да гласате против екстремната десница и Марин Ле Пен“, рече таа.

Фабиен Русел од Комунистичката партија и Јаник Јадот од Зелените исто така побараа од своите гласачи да гласаат за Макрон во вториот круг за да не дојде на власт екстремната десница.

„Ги повикувам Зелените да ја блокираат екстремната десница со давање глас на Емануел Макрон“, им порача Џадот на своите поддржувачи.

Но, сите овие партии заедно добија само околу 12 отсто од гласовите, пишува Би-Би-Си.

Фото: EPA/MOHAMMED BADRA

Слично

Поврзани вести