Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЛАДОТ ЗЕМА ЖРТВИ: Во африканска земја починаа над 700 деца

ГЛАДОТ ЗЕМА ЖРТВИ: Во африканска земја починаа над 700 деца

Гладот зема жртви во Сомалија. Над 700 деца починале во центрите за исхрана.

Информацијата денеска ја објави Агенцијата на ОН за деца УНИЦЕФ.  Сомалија и нејзините соседи на Африканскиот рог, вклучувајќи ги и Етиопија и Кенија, се соочуваат од најголемата суша во последните 40 години по четири сезони дождови. 

„Според извештаите, околу 730 деца починале во центрите за храна и исхрана ширум земјата од јануари до јули оваа година, но бројот би можел да биде поголем бидејќи многу смртни случаи не се регистрирани“, изјавила претставничката на УНИЦЕФ во Сомалија Вафа Саиде на прес-конференција во Женева.

Од 1,46 милијарди долари колку што ОН побарале од донаторите за Сомалија, досега се собрани 67 проценти. Идните месеци ќе биде уште потешко. Се очекува бројот на жртви да расте. Поради сушата страда добиточниот фонд, а посевите се уништени. И претходно имаше предупредувања дека во Африка ќе биде критично со храна. 

Слично

Поврзани вести