Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓулен ја финансирал Хилари Клинтон?

Ѓулен ја финансирал Хилари Клинтон?

Исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен, обвинет како организатор и раководител на обидот за пуч во Турција од 15 јули годинава, ја финансирал фондацијата на Хилари Клинтон со цел да спречи екстрадиција од САД. Кандидатката за претседател на Америка добила вкупен износ од 25.000 долари. Парите се од донации, добиени од хуманитарната организација на Ѓулен „Има ли некој“ која помага луѓе во неволја и во сиромаштија. 

Инспекторите од секторот за организиран економски криминал и шверц при обвинителството во Истанбул ги откриле документите, направени во банката на Ѓулен „Азија“ како кредитен трансфер, пишува Сабах. Првиот е од 29 април 2015 година во име на организацијата на сметката на „Clinton Global Initiative“ во „The Bank of New York Mellon“ и е во вредност од 5.000 долари.

Преносот на средствата е со потписот на Саваш Метин кој пред неколку месеци бил генерален секретар на „Има ли некој“. Вториот е од 17 јуни 2015 година во износ од 20.000 долари и е направен во истата банка.

Судиите во Истанбул се категорични дека со оваа финансиска поддршка за кампањата на Хилари Клинтон, Ѓулен сакал да спречи екстрадиција од САД, што сепак беше побарано месец по обидот за преврат. На 7 страници обвинителството ги наведува причините за одлагање на апсењето на 46-те осомничени активисти на добротворната организација на чело со Ѓулен, кои под изговор дека собираат донации за социјални потреби, ги користеле религиозните ставови на донаторите, но извлекле лична корист, како поткуп на Клинтон. 

На судот веќе се предадени 40 осомничени, има решение за задржување на уште 71 лица, од кои 4 се веќе во притвор со други обвиненија, додава турското издание блиско до властите во државата.


Слично

Поврзани вести