Ѓоковиќ собра 1,2 милиони фунти за сиромашните деца од Србија
На хуманитарната вечер која што во Лондон ја организираше најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ се собрани 1,2 милиони фунти за загрозените деца во Србија. На настанот се појавиле многу ѕвезди, како Кејт Хадсон, Голди Хоум, Наоми Кембел, Борис Бекер, Сара Фергусон, Ричард Брансон, Џерард Батлер, Рони Вуд, но и новата шампионка на Вимблдон, Марион Бартоли и многу други.
Како што изјавил Ѓоковиќ, Фондацијата се труди да создаде подобри услови за децата во Србија и сакаме да ги охрабриме и да им дадеме крила да ги остварат своите соништа.
„Со помош на прекрасни луѓе, нашата визија е да ја прошириме работата во Велика Британија и Америка и да придонесеме за позитивни промени во животите на многу деца ширум светот“, вели Ѓоковиќ.
Фондацијата е основана во 2007 година за помош на загрозените деца, главно Србија кои имаат проблеми недостапност до храна и образование, а не се имуни ниту на болестите.
Фондацијата е основана во 2007 година за помош на загрозените деца, главно Србија кои имаат проблеми недостапност до храна и образование, а не се имуни ниту на болестите.
Слично
