Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЃОКОВИЌ СЕПАК НЕ Е УАПСЕН, АМА СÉ УШТЕ НЕ Е БЕЗБЕДЕН ОД ДЕПОРТАЦИЈА: Сè е во рацете на министерот за имиграција, одлука точно напладне

ЃОКОВИЌ СЕПАК НЕ Е УАПСЕН, АМА СÉ УШТЕ НЕ Е БЕЗБЕДЕН ОД ДЕПОРТАЦИЈА: Сè е во рацете на министерот за имиграција, одлука точно напладне

Последните вести од Австралија велат дека Ѓоковиќ не е уапсен, но се уште не е безбеден од депортација.

Има информации дека Новак Ѓоковиќ е уапсен во Мелбурн откако во Федералниот суд ја победил Владата на Австралија, но тоа сепак не е точно. Ова го објави весникот „The Age“ кој претходните денови највнимателно го следеше случајот со Ѓоковиќ во Мелбурн.

Весникот наведува дека добиле потврдна информација од четворица владини функционери, како и од тениски извори, додавајќи дека министерот за имиграција се уште не одлучил дали ќе ја поништи одлуката на судот и ќе го депортира Ѓоковиќ. Таа моќ ја има врз основа на законот, а неофицијално рокот за тоа истекува напладне по средноевропско време.

Точно е дека голем број припадници на граничната полиција се наоѓаат пред адвокатската канцеларија во која е Новак Ѓоковиќ, но тоа е затоа што ова е многу атрактивен случај за медиумите и со цел да се спречат можни инциденти.


Претходно и братот на Новак, Џорџе објави дека кај него пристигнала полиција и дека српскиот ас рекол дека не е се готово.


Слично

Поврзани вести