Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГИНИСОВ РЕКОРД: На пензиониран војник му е изваден камен во бубрег тежок 801 грам

ГИНИСОВ РЕКОРД: На пензиониран војник му е изваден камен во бубрег тежок 801 грам

Изваден е најголемиот камен во бубрег во светот, тежок 801 грам.

Воени лекари во Шри Ланка на 1 јуни го отстраниле најголемиот и најтешкиот камен во бубрег во светот при операција на пензиониран војник, објави Армијата.

На 62-годишниот поранешен подофицер му е отстранет камен од бубрег тежок 801 грам, а тоа е, според наводите, над петпати поголема маса од онаа на просечен машки бубрег. Каменот бил долг 13,37 цм, а просечниот бубрег е долг од 10 до 12 цм.

Воениот пензионер за тамошните медиуми изјавил дека боледувал од стомачни болки од 2020 година. Рекордот сега е признат и од Гинисовата книга на рекорди.

Камењата во бубрезите се создаваат со таложење минерални соли во бубрегот, орган којшто треба ја прочистува крвта.

Слично

Поврзани вести