Гигантот Тесла ќе штеди: Отпушта четири директори
Компанијата Тесла објави дека ќе ги укине позициите на четворица членови на Главниот одбор за наредните две години.
Овој гигант за производство на
електрични автомобили, наместо 11, ќе има 7 оперативни менаџери.
Бред Бас, Антонио Грасија, Стефан
Јурвесон и Линда Џонсон Рајс нема повторно да се кандидираат на претстојниот
годишен состанок на акционерите во 2019 и 2020 година, според соопштението на
компанијата.
Според претставници на Тесла, работата треба се фокусира на постепено поедноставување на
големината на одборот за да може да се работи побрзо и поефикасно, пишува Ројтерс.
Од компанијата Тесла, исто така додаваат дека оваа
одлука не е резултат на несогласување меѓу компанијата и директорите.
Од четирите членови кои што би излегле од
одборот, Бас и Грасија биле дел и од Одборот за контрола на детекција на Тесла,
надгледувајќи го спроведувањето на условите од договорот за Тесла и SEC.
