Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГИ ЗАБОРАВИЛ ЌЕРКИТЕ НА БЕНЗИНСКА: Заминал во Австрија без да забележи дека ги нема

ГИ ЗАБОРАВИЛ ЌЕРКИТЕ НА БЕНЗИНСКА: Заминал во Австрија без да забележи дека ги нема

Германски државјанин на автопат во Баварија си ги заборавил своите две ќерки, oбјавија германските медиуми.

Тој со девојчињата патувал кон езерото Гарда по повод велигденските празници, а неговата сопруга останала дома.

„Бизарна ситуација се случила на бензиска пумпа. Девојчињата отишле до тоалетот, а кога се вратиле, го немало ни автомобилот ни татко им. Девојчињата го знаеле домашниот телефонски број и успеале да стапат во контакт со мајката, преку која дошле и до мобилниот телефонски број на таткото“- пишуваат медиумите.

Полицијата ѕвонела 48 пати кај несовесниот татко, кој не се одѕвал на повиците, а веќе се наоѓал во Австрија, на 170 километри оддалеченост.

Пред полицијата на сослушување мажот изјавил дека не забележал дека неговите ќерки не се во автомобилот.

Слично

Поврзани вести