ГИ СПАСИВМЕ ТИЕ ШТО МОЖЕВМЕ, шокантни сведоштва на преживеани во пожарот во црква во Египет
Голем број луѓе загинаа откако избувна пожар во коптска црква во египетскиот град Гиза. За жал, поради стампедото кое настана во обидот на луѓето побрзо да избегаат, многу луѓе биле згмечени за време на очајна борба да избегаат.
Официјалните лица соопштија дека најмалку 41 лице, вклучително и деца, загинале, а десетици се повредени.
Пожарот избувнал за време на миса, при што имало околу 5.000 верници кои се собрале на миса во коптската црква Абу Сифин во Гиза, објави Би-Би-Си.
Повикувајќи се на болнички записи, биле убиени околу 18 деца, на возраст од 3 до 16 години.
Противпожарната служба соопшти дека точната причина за пожарот останува нејасна. Сепак, отец Фарид Фахми, од друга блиска црква во населбата Имбаба, изјавил за новинската агенција АФП дека тоа било предизвикано од краток спој.
- Снемало струја и користеле генератор. Кога се врати струјата, предизвика преоптоварување - укажал тој.
Верниците кои присуствувале на овој немил настан, пренесуваат дека настанал вистински хаос по избувнувањето на пожарот.
- Луѓето се собираа на третиот и четвртиот кат, а видовме чад како доаѓа од вториот кат. Луѓето побрзаа да слезат по скалите и почнаа да паѓаат еден врз друг. Потоа слушнавме тресок и искри и оган што излегуваа од прозорецот - изјави Јасир Мунир, додавајќи дека тој и неговата ќерка биле на приземје и имале можат да избегаат.
- Се обидовме да извлечеме колку можеме повеќе луѓе, ги спасивме тие што можевме, но настана вистински хаос - додава Мунир.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изрази „искрено сочувство до семејствата на невините жртви кои поминаа да бидат со нивниот Господ во една од неговите домови на богослужба“. Тој им нареди на вооружените сили да ја обноват црквата.
Обвинителството соопшти дека испратило екипа на местото на настанот за да ги испита причините за пожарот. Гиза се наоѓа веднаш преку Нил од Каиро и е дел од метрополата Голема Каиро.

Коптските христијани сочинуваат најмалку 10 милиони од 103 милиони жители на Египет.
Коптите тврдат дека се соочуваат со дискриминација и имаат помала улога во египетскиот јавен живот отколку што оправдува нивниот број.
Фото: EPA/ HASSAN MOHAMED/ KHALED KAMEL
