ГИ ШОКИРАШЕ СИТЕ: Каков став за независноста на Каталонија има градоначалничката на Барселона?
Градоначалничката на Барселона, Ада Колау денеска го повика лидерот на Каталонија, Карлос Пуџдемон да се откаже од едностраното прогласување на независност на Каталонија.
Таа упати порака и до властите во Мадрид да се смири кризата.
„Резултатите од референдумот за независност на Каталонија од 1 октомври не можат да бидат одобрување за прогласување на независност, но создаваат можности за почнување дијалог, и меѓународно посредување“ - вели таа.
Но, за Колау главен виновник за кризата е Владата во Мадрид.
Таа повика да не дојде до ескалација.
Пуџдемон утре планира да прогласи независност на Каталонија.
Слично
