Ги преживеав Хитлер и Сталин, ќе го преживеам и проклетиот Путин, изјави Еврејка која била во логор со Ана Франк
Анастасија Гулеј на возраст од 96 години била во кампот во исто време со познатата Еврејка Ана Франк, а денес ветила дека ќе го надживее рускиот претседател Владимир Путин.
Гулеј беше принудена да избега од Украина. Четири месеци била притворена во логорот Берген-Белзен во северна Германија, а била и во Аушвиц во исто време со Ана Франк.
Иако таму загинаа најмалку 1,1 милион луѓе, пред се Евреи, Анастасија успеа да побегне.
„Ги преживеав Хитлер и Сталин, ќе го преживеам и проклетиот Путин“, изјавила Анастасија.
Таа лосторствата на Путин ги нарече „геноцидни“.
„Немам зборови за тоа што хитлеровите навивачи од Кремљ го направија во Буча и Мариупол“, рече таа.
За да биде безбедна, бабата решила да побегне во Германија со своите возрасни деца, бидејќи нејзината куќа се наоѓала во близина на аеродромот што е воена цел за руските ракети.
Досега медиумите јавија за една баба и еден маж постар од 90 години, кои успејаа да преживеат логори, но загинаа во војната. Жената почина во Мариупол, откако долго време била во подрум без греење, и храна, а мажот загина во Херсон.
