ГИ ПРЕКИНУВААТ ЕКОНОМСКИТЕ ВРСКИ СО ИЗРАЕЛ: Го повлекоа и својот амбасадор од Тел Авив
Поради воените дејствија во Појасот Газа, Бахреин ги прекина економските врски со Израел. Државата го отповика својот амбасадор во Тел Авив.
Но, и израелскиот амбасадор од Манама веќе си заминал. Сите економски врски со Израел се запрени, како дел од мерките што Бахреин ги презеде за поддршка „на палестинската кауза и легитимните права на палестинскиот народ“. Бахреин има дипломатски врски со Израел од 2020 година. Во Појасот Газа досега загинале над 8.000 Палестинци. Терористичката палестинска група Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел и уби над 1.400 цивили. Многу држави ги опоменаа израелските власти да внимаваат на цивили жртви. Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека борбата со Хамас треба да биде сурова, но не без правила.
foto freepik.com/vvvita
