Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ги погоди „мини ѕвер од Истокот“ - откажуваат летови

Ги погоди „мини ѕвер од Истокот“ - откажуваат летови

Лондон е парализиран поради снежно невреме. 

Oколу 120 летови од британските аеродроми Хитроу и Гетвик се откажани, а властите упатија предупредување и до возачите од кои се бара да бидат внимателни на патиштата.

Летови се откажани уште од петокот вечерта, поради снежното невреме наречено „мини ѕвер од Истокот“, а населението во северозападниот дел на Англија – во Јоркшир, Мидлендс, Лондон, е предупредено за „ризици по животот“ затоа што се очекува дополнително влошување на времето.

Метеоролозите велат дека студениот бран доаѓа од Северното Море и дека во петокот наутро почнал да се шири во делови од Велс, при што донел температури од осум степени под нулата. Денеска се очекува пораст на температурата и намалување на ветрот.

Слично

Поврзани вести