ГИ НЕМА НА ЛИСТАТА ПОВРЕДЕНИ: Братот и сестрата не го преживеале нападот во Брисел!
Двајцата Американци, братот и Сестрата Александар и Саша Пинчовски, кои исчезнаа во текот на терористичкиот напад на аеродромот во Брисел во вторникот на 22 март, се прогласени за мртви.
Тие двајца се враќале дома и се чекирале на пунктот „Американ ерлајнз“ околу осум утрото кога терористот Ибрахим ел Бакрауи ја активирал бомбата.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/FoxNewsInsider/status/713175098992173056?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Нивните очајни родители издале соопштение дека имињата на нините деца за жал ги нема на листата повредени.
„Семејството сака да и се заблагодари на амбасадата на Холандија и Делта ерлајнз за поддршката во нашата потрага во Брисел. Посебно им се заблагодаруваме на пријателите и членовите на семејствата на двата континенти за љубовта, поддршката и молитвите за Саша и Александар“, се наведува во нивното соопштение.
