Ги нападнал со нож бидејќи носеле шорцеви и маици
Маж нападнал со нож една жена и нејзините три ќерки во јужна Франција.
Тие го налутиле насилникот затоа што биле облечени во маици и шорцеви. Властите во јужна Франција соопштија дека уапсиле маж кој утрово нападнал со нож жена и три ќерки во алпското одморалиште. Девојчињата биле на возраст од 8, 12 и 14 години.
Мажот кој не е нивен роднина, бил лут бидејќи тие се облечени во шорцеви и маици. Тој е уапсен при обид да избега од местото на настанот. Состојбата на жената и нејзините ќерки засега не е позната.
Лара-Монглен се наоѓа на 180 километри северозападно од Ница, каде Тунижанец прегази 84 луѓе со камион на францускиот национален празник 14 јули, пишуваат агенциите.
Слично
