ГИ НАМАМИЛ ДЕВОЈКИТЕ НА СКРИЕНА ПАТЕКА И ГИ ФРЛИЛ ВО ДЛАБОКА БЕЗДНА: Туристка од САД загина кај познатиот германски дворец
На познатата туристичка атракција кај
дворецот Neueschwastein во јужна Германија се случи убиство и обид за силување на две млади американски туристики. Германските медиуми објавија
што се случило вчера, а денеска се е потврдено од полицијата.
Загина 21-годишна Американка, а нејзината 22-годишна пријателка е тешко повредена. 30-годишен американски државјанин е уапсен по кратка потера, пишуваат германските медиуми.
Германскиот обвинител денеска за Die Welt изјави дека во средата попладне две американки, туристки во Германија, сретнале 30-годишен Американец во близина на бајковитиот замок Neueswaschstein на баварскиот крал Лудвиг Втори.
Се работи за сосема случајна средба, велат од полицијата. Потоа Американецот им рекол на девојките дека знае за патеката која води до видиковецот и заедно тргнале кон патеката која е тешко пристапна и која најчесто не ја користат туристите.
Кога се оддалечиле, Американецот прво ја нападнал 21-годишната девојка. Нејзината пријателка сакала да и помогне, но тој почнал да ја дави и ја турнал надолу по стрмната карпа. После тоа се обидел да ја силува 21-годишната, но бидејќи таа давала силен отпор, ја турнал во провалија длабока 50 метри и побегнал.
Додека бил во бегство, планинската спасувачка служба го извлекла девојчето и го пренела во болница. 22-годишната девојка била само полесно повредена, а 21-годишната подоцна починала од сериозните повреди.
Сторителот на злосторството е уапсен во близина по неколкучасовна опсежена потрага, во кој имало полициски хеликоптер и куче трагач.
Полицијата трага по сведоци на настанот и ги повикува сите кои во средата попладне биле таму и се сликале да им испратат слики и видеа за да проверат дали ги прикажуваат жртвите и убиецот.
Замокот Neueschwastein е една од најпознатите и најпосетуваните знаменитости во Германија.
ФОТО: Unsplash/Kay Mayer
