ГИ МАЧЕЛ РЕЖИМОТ НА АСАД: Најдени се 40 тела со знаци на тортура
Четирнаесет тела на луѓе кои режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ги мачел до смрт се во болница во главниот град Дамаск.
Како што пренесува АФП, на телата имало видливи траги од тортура. Еден бунтовнички борец ја опиша сцената како „ужасна“, велејќи дека ја отворил вратата на мртовечницата и нашол тела кои биле подложни на мачење.
Во координација со Црвениот крст, телата се пренесени во болница во Дамаск, каде во соработка со семејствата на загинатите ќе се врши обдукција и идентификација.
За викендот, бунтовниците го соборија режимот на Асад, а тој избегал во Москва, каде доби азил и според медиумите поседувал станови. Многу Сиријци од Турција и Либан се упатија кон Сирија. На улиците народот славеше.
