Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ги купиле Хуго Бос и Валентино и затаиле данок од 65 милиони евра

Ги купиле Хуго Бос и Валентино и затаиле данок од 65 милиони евра
Имот вреден 65 милиони евра беше запленет од страна на италијанската полиција, поради неплатен дел на данок на трансакција вредна 5,4 милијарди евра, кога беше извршена продажбата на модните куќи Хуго Бос и Валентино, соопштуваат италијанската финансиска полиција. Трансакцијата е направена во 2007-ма, а со цел да се намират давачките поради неплатениот данок, во полициското соопштение стои дека се запленети недвижнини, земјиште и корпративен имот на 13 лица, сите тие поврзани со најважните италијански семејства од секторот за модната индустрија.
Слично

Поврзани вести