Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ги испразниле визбите – голема акција за апсење на крадци на вино во Франција

Ги испразниле визбите – голема акција за апсење на крадци на вино во Франција
Најмалку 20 лица се приведени во полициска акција за откривање на мрежа на крадци на познати француски вина од Бордо, во југозападниот дел на Франција. Над 300 полицајци учествувале во операцијата за сузбивање на мрежа од најмалку 25 члена, соопшти полицијата во Бордо. Се проценува дека крадците, од кои најголемиот дел локални жители на Бордо, однеле вино во вредност од над еден милион долари. Операцијата за нивно фаќање се подготвувала неколку месеци. Црните вина во Бордо со векови се сметаат за врвни во својата категорија и важат за најдобри во светот. Особено познати се брендовите Шато Марго, Шато Латур, Шато Мутон-Ротшилд, Шато Лафит-Ротшилд и Шато Брион.
Слично

Поврзани вести