Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ги има од 16 земји, Кулеба објави колку странци се вклучуваат во одбрана на Украина

Ги има од 16 земји, Кулеба објави колку странци се вклучуваат во одбрана на Украина

Над илјада странци досега се приклучиле на украинската страна во борбите против Русија. Ова го покажуваат украинските податоци. 

„Доброволци од 16 земји ширум светот веќе дојдоа во Украина, подготвени да се борат заедно со украинскиот народ против агресорите“, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. 

Информацијата засега не е потврдена од независни извори, јави ДПА. Кулеба не прецизираше од кои држави дошле доброволците. Тој нагласи дека 19 земји досега ветиле испораки на оружје за Украина.

Украинската амбасада во Тирана ги повика граѓаните доколку сакаат да се пријават за одбрана на Украина. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари, а досега загинаа над 2.000 цивили. 

Слично

Поврзани вести