Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГИ ФАТИВМЕ РУСКИТЕ ДОУШНИЦИ, ВРЕДЕШЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС - градоначалникот на Миколаев се извини за непријатностите кај граѓаните

ГИ ФАТИВМЕ РУСКИТЕ ДОУШНИЦИ, ВРЕДЕШЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС - градоначалникот на Миколаев се извини за непријатностите кај граѓаните

Полицискиот час во Миколаев за време на викендот даде резултати и ги фативме руските доушници, изјави Виталиј Ким, шеф на цивилната воена администрација на регионот на Миколаев.

Се извинувам за непријатностите што ги имавте викендов, но вредеше.

Шефот на цивилната воена администрација воведе продолжен полициски час за време на викендот од 23 часот во петок до 5 часот наутро во понеделник.

„Една од задачите е да се разоткријат руските агенти. Ќе го затвориме градот, полицијата ќе биде активна во разни области. Бидете љубезни, дајте ги сите корисни информации“, им порача Ким на жителите.

Фото: EPA / GEORGE IVANCHENKO

Слично

Поврзани вести