„ГИ ДЕЗИНФИЦИРАМ РАНИТЕ СО ОЦЕТ, НЕМАМЕ ПОВЕЌЕ ЗАЛИХИ“: Хирург од Газа рааскажува како работи без материјали
Хирург кој работи во Газа се пожали дека мора да ги лекува бактериските инфекции на рани со „оцет од продавница“ бидејќи медицински материјали немаат, пишува Sky News. Гасан Абу Сита, хирург од Лекари без граници, објави фотографија од шише оцет на социјалната платформа Х.
Абу Сита работеше во различни болници во Газа од избувнувањето на конфликтот и оперираше во болницата Ал Ахли кога беше погодена во вторникот.
Локалните власти тврдат дека во експлозијата загинале 471 лице, но Израелците ја оспоруваат бројката. Двете конфликтни страни се расправаат кој е одговорен за експлозијата, пренесува Индекс.
Болниците останаа без основните потреби
Израелската војска негираше каква било одговорност, припишувајќи го нападот на палестинската организација Исламски џихад. Тие потоа објавија снимки од беспилотни летала на кои наводно се гледа како ракета на Исламски џихад погодува паркинг на болница во Газа.
Патем, здравствените работници во Газа веќе предупредија дека илјадници би можеле да умрат бидејќи болниците полни со ранети снемаат гориво и основни потреби. Лекарите без граници претходно оваа недела соопштија дека хирурзите во болницата Ал Шифа почнале да оперираат пациенти без анестетици бидејќи залихите биле „катастрофално“ мали.
Vinegar from the corner shop to treat pseuodomonas bacterial wound infections. Its come to that. pic.twitter.com/mEE4haHMyj
— Ghassan Abu Sitta (@GhassanAbuSitt1) October 19, 2023
