Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ги бараат преку „Twitter“ блиските и пријателите, исчезнати по нападите во Париз

Ги бараат преку „Twitter“ блиските и пријателите, исчезнати по нападите во Париз

Роднини и пријатели на луѓето исчезнати по синоќешните терористички напади во Париз, почнаа да ги бараат преку Twitter своите блиски, пренесоа агенциите.

На социјалните медиуми беа поставени десетици фотографии на мажи и жени под хаштагот #rechercheparis. За некои од исчезнатите имаше извештаи дека биле во концертната сала „Батаклан“, каде загинаа најмалку 80 лица, како и на местата на другите напади.

„Нема никакви информации за Јулија од вчера. Ако имате информации, контактирајте со нас“, гласи еден од постовите.

„Клара има 18 години, средна висина. Ви благодарам, ако ја најдете известете не“, пишува друг претплатник на „Twitter“.

Некои луѓе го користат хаштагот, за да изразат солидарност и сочувство кон оние чии роднини и пријатели се водат за исчезнати, додека други се оддаваат на повеќе филозофски рефлексии.

„Барам траги од хуманост. Ако ги најдете задајте го мојот знак“, пишува корисник со потпис „Молете се за Париз“.

Слично

Поврзани вести