Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Germanwings“ е пред криза?

„Germanwings“ е пред криза?

Германската нискобуџетна авиокомпанија „Germanwings“ се соочува со криза.

Превозникот беше принуден да откаже 30 летови во вторникот поради одбивање на вработените да летаат по несреќата на Француските Алпи.

Официјален претставник на фирмата објаснил дека прекинатите летови претставуваат помалку од една десетина од летовите, кои „Germanwings“  ги има во еден ден - вкупно околу 400.

„За секој лет ни е потребен одреден број членови на екипажот. Бидејќи некои наши вработени одбија да летаат од лични причини кои не е соодветно да бидат коментирани, се покажа дека треба да бидат откажани некои летови поради недостиг на екипажот“, изјавил портпаролот на компанијата Флориан Гренцдорфер.

Тој, сепак, не можеше да одговори на прашањето дали се случило спротивното - некои патници да се откажаат од летовите со авионите на компанијата по трагедијата на Француските Алпи. Според неговите зборови, неговата компанија не располагала со такви податоци.

Во меѓувреме за пристигнување на роднините на жртвите е посветено посебно место на аеродромот. Во Дизелдорф досега пристигнале околу 50 семејства на загинатите во катастрофата.

„Во такви ситуации е многу важно човек да има со кого да разговара. Имаме тука 150 лица персонал, кои се грижат за семјествата на загинатите. Роднините на загинатите може да зборуваат со нашиот персонал. Тие навремено ќе ги информираат за се што е поврзано со трагедијата, за секоја новост или информација. Обезбедено им е на роднините на жртвите храна, пијалоци и хотелски соби. Ние се обидуваме да им бидеме максимално корисни“, изјавил портпаролот на аеродромот Томас Котер.

Во меѓувреме, се покажа дека помеѓу жртвите на паднатиот авион имало граѓани освен на Германија, Шпанија и Турција, но исто така и на Велика Британија, Белгија, Данска, Австралија, Израел, Колумбија, а веројатно и на Јапонија и Аргентина.

Слично

Поврзани вести