Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германците затекнати, рекордно намалена продажбата на домашно пиво!

Германците затекнати, рекордно намалена продажбата на домашно пиво!

 Минатата година продажбата на пиво произведено во Германија се намалила на рекордно ниско ниво. Продадени се 96,5 милиони хектолитри, односно 1,8 отсто помалку отколку во 2011 година, објави германската Државна агенција за статистика - Дестатис.

Според Деситас, на германскиот пазар лани се продадени 83,9 отсто или 81 милион хектолитри од произведеното пиво, што во однос на 2011 година е помалку за 2,1 отсто. Обемот на извоз на германското пиво во земјите од ЕУ е намален за два отсто, на 11 милиони хектолитри, но извозот во земјите надвор од Унијата е зголемен за 4,6 проценти и достигнал 4,3 милиони хектолитри.

Лидери во производство на пиво, како и претходните години, се сојузните држави Северна Рајна-Вестфалија и Баварија. Лани тие произвеле 24,7, односно 22,9 отсто од вкупното количество на пиво произведено во земјата.

Слично

Поврзани вести