Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германците загрижени поради мигрантите – Меркел спокојна

Германците загрижени поради мигрантите – Меркел спокојна

Германскaта канцеларка, Ангела Меркел не обрнува внимание на стравот и загриженоста на германските граѓани поради мигрантите.

Ова  го констатира во интервју за „Шпигел”, Едмунд Штојбер, поранешен лидер на десниот Христијанско-социјална унија и поранешен премиер на најмоќната германска покраина Баварија. Тој вели дека линијата на Меркел кон мигрантите го диктира  критичниот момент во многу земји во Европа.

“Меркел е убедена во својата праведност. За жал, сепак така премалку  се земаат предвид чувствата, стравот и загриженоста на граѓаните. Во моментов овие стравови се големи, како никогаш досега “ - рече Штојбер.

Познатата реченица на Меркел „Ние ќе се справиме” не помага, затоа што не содржи ништо конкретно, смета тој.

Прашањето за бегалците е високо емоционален предизвик кој доведува до егзистенцијална загриженост кај повеќето граѓани.

„Тие гледаат дека досега нема вистинска заштита на границите, дека многу илјади бегалци илегално се наоѓаат во нашата земја дека држава и досега нема целосна контрола. Тие видоа дека не само во Франција и Белгија, но и во Ансбах и Вирцбург имаше терористички акти“- истакна Штојбер.

Меркел е позната по својата либерална политика и политика на гостопримство кон мигрантите, но во последните месеци зачестија нападите во земјите од ЕУ што доведе до загриженост и кај народот и кај повеќето лидери.

Слично

Поврзани вести