Германците си ја сакаат марката назад
Главната точка на програмата на новата германска партија- Алтернатива за Германија- е излез на земјата од еврозоната.
Основачкиот конгрес на новата партија ќе биде одржан наскоро, а членовите на оваа партија се незадоволни што целата политичка сила во Бундестагот смета дека Германија мора да биде присутна во еврозоната.
Тие предупредуваат дека земјата на тој начин троши дестици милијарди евра за помош на југот на Европа.
Социолозите и политичките аналитичари сметаат дека програмата на Алтернатива за Германија има добри шанси да ги освои гласовите на избирачите, бидејки четвртина од Германците како што покажуваат анкетите сакаат враќање на германската марка.
Во меѓувреме пак Чешка најави дека ќе се придружи кон еврозоната и ќе воведе едниствена валута, иако во Чешка има повеќе противници, отколку луѓе кои сакаат да се воведе еврото.
Слично
