Германците се убедени: Во Германија секој кој сака може да заработи
Блогерка гастарбајтерка е 592 дена во Германија на привремена работа.
Таа лани ги запознавала странците во Германија, а оваа година ги запознава само Германците.
„За цела година не запознав повеќе од 10, а сега ги запознавам на секојдневна база. Многу ми е интересно да ги запознавам нивните работни навики, комуникација со колеги, пријатели, за што разговараат во неформални разговори. Она што многу ретко го прават е да даваат ситни пари на луѓе кои питачат. Тие веруваат дека секој кој сака може да работи што е вистина во Германија. На улица никому не даваат ситни пари, дури попрво ќе го пресечат со поглед“ - раскажува хрватска блогерка.
Хрватската блогерка ги споредува Хрватите со Германците и вели дека германскиот народ е многу дисциплиниран и почитува правила било да е тоа во сообраќај, автобус, на работа.
