Германците се откажуваат од градскиот транспорт поради страв од тероризам
Германците веќе не сакаат да патуваат со јавен превоз и да посетуваат рекреативни настани поради страв од терористички напади.
Во исто време повеќе од половина од Германците не ги промениле своите навики. Ова го покажуваат податоците од социолошкото истражување направено од социолошкиот институт YouGov .
Околу 14% од Германците признаваат дека во последните три месеци се откажале од патувањата со јавниот превоз, автобуси и возови поради заканата од терористички напади.
Уште толку - 14% - изјавиле дека веќе избегнуваат концерти и масовни собири по повод различни празници.
Други 14% не се појавуваат на места каде што има масовно луѓе.
Генерално половина од анкетираните изјавиле дека заканата од терористички напади не ги променила нивните навики и планови. Три четвртини сепак признаваат дека го сметаат за апсолутно најверојатно извршувањето на нови терористички напади од екстремистичката организација „Исламска држава“.
