Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германците почнаа доброволно да прибираат бегалци во нивните домови

Германците почнаа доброволно да прибираат бегалци во нивните домови

Расте бројот на Германци, вклучувајќи и пратеници во Бундестагот, кои почнаа да заштитуваат бегалци во нивните домови, за да го олеснат финансикиот товар врз одговорните агенции за обезбедување на сместување, пренесоа EU Observer.

Мартин Патзелт, претставник во парламентот од партијата на канцеларката Ангела Меркел, го отвори својот дом за имигранти од Еритреја.

Откако ја донел оваа одлука, Патзелт добил смртни закани, како и многу други Германци, кои посакале да сместат бегалци дома.

Според истражувањето на социолошката агенција "Емнид" една четвртина од германското население би го споделиле домот со бегалци.

Авет, кој има 24 години, и Хабен, кој има 19, во моментов живеат на последниот кат во домот на пратеникот во Бранденбург. Патзелт се запознал со нив во бегалскиот камп Аизенхотенштат.

Постапката на Патзелт сепак не наиде на одобрението од неговите колеги во Христијанската унија (CDU).

"Ми рекоа дека веќе никој нема да гласа за мене", раскажува пратеникот.

Германија очекува вкупно 450 000 лица да поднесат барање за добивање азил оваа година - бројот е двојно поголем од регистрираниот во 2014 година.

Слично

Поврзани вести