Германците ја сакаат Грција во еврозоната?
За прв пат по повеќе од една година мнозинството од германците сметаат дека Грција треба да остане во еврозоната, според анкетата објавена два дена по посетата на германската канцеларка Ангела Меркел во Атина. Анкетата на „Политбарометар“ покажала дека 46% од испитаниците веруваат дека Грција треба да го задржи еврото, во споредба со само 31 % во месец август.
Ова е прв пат ваквата анкета да покаже дека повеќето Германци ја сакаат Грција во еврозоната, иако високи 45% се противат на идејата. Анкетата е спроведена непосредно по заминувањето на Меркел во Атина, права ваква посета од избувнувањето на должничката криза пред три години.
Германците досега ја поддржуваа острата политика на Меркел, како кон Грција, така и кон останатите големи должници во еврозоната.
Слично
