Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германците ги вложуваат парите во недвижнини

Германците ги вложуваат парите во недвижнини

Иако се нација која е позната по својата штедливост, се повеќе Германци купуваат сопствени имоти не само за да има каде да живеат, но и за вложување на средства, пишува Reuters.

Промената кон американски или британски пристап кон станот се должи делумно и на политиката за евтин финансиски ресурси од Европската централна банка,  како и од поскапувањето на кириите, особено во германските градови. Според податоците од статистичката агенција на ЕУ до 2014 година 52,5% од Германците живееле во сопствено живеалиште. Ова е многу под просекот на ЕУ кој е  70%. Сепак  ситуацијата се менува по 2006 година, кога според податоците на германската федерална статистика овој процент е 42. Побарувачката го стимулира градежниот бум, кој ја движи економијата во време кога германските извозници трпат штети заради доцнењето на некои важни пазари како Кина.

Слично

Поврзани вести