Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германците ги боли глава од Грците, Берлин се плаши од дупка во Буџетот

Германците ги боли глава од Грците, Берлин се плаши од дупка во Буџетот

Германскиот вицеканцелар и министер за економија Филип Рослер во интервју за економското списание „Виршафт Вохе“ изјави дека евентуалното преструктуирање на грчкиот долг ќе отвори „дупка“ во германскиот буџет и не е исклучена можноста да го изложи на ризик кредитниот рејтинг на земјата.

Рослер повторно упати апел до грчката Влада да ги спроведе реформите.

Според германскиот политичар евентуалното кратење на долгот на Грција ќе го засегне буџетот на Германија и ќе отвори „дупка“, која ќе треба да биде пополнета.

- Недозволиво е Германија да ги загуби своите буџетски цели, напротив земјата треба да остане место на стабилност во еврозоната, изјави Рослер.
Слично

Поврзани вести