Германското МНР препорачува да не се патува во една балканска земја
Германското Министерство за надворешни работи ги опоменува своите граѓани да внимаваат на својата безбедност доколку патуваат на северот од Косово.
Во предупредувањето се советува дека на 16 јануари е убиен лидерот на Србите, Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица.
Се наведува дека иако насилството не е насочено кон странците, сепак не е исклучена можноста за изолирани инциденти.
На своите државјани им советуваат да се подготват за на пат, и добро да се информираат за безбедноста.
Се додава дека во другите делови на Косово ситуацијата е мирна и стабилна.
Слично
